вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Хроника

Девет лица повредени во седум сообраќајки во Скопје

Девет лица повредени во седум сообраќајки во Скопје

Еден возач на мопед се здобил со тешки телесни повреди, а осум лица со лесни телесни повреди во седум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на  Град Скопје.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила 19 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, двајца возачи под дејство на алкохол, 17 возачи пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и две нерегистрирани возила.

Санкционирани се и 11 возачи за неносење на сигурносен појас и 12 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.

Изминатото деноноќие се санкционирани и 16 пешаци кои не поминале на пешачки премин.

За непрописно паркирање се казнети 75 возачи, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 68 возила.