четврток, 8. јуни 2023. Вести денес: 1
home Хроника

Дете велосипедист тешко повредено во сообраќајка во битолско

Дете велосипедист тешко повредено во сообраќајка во битолско
илустрација

Шест годишно дете кое управувало во велосипед е тешко повредено откако вчера околу 15 часот во него удрил автомобил „Опел Вектра“ управуван од А.Б.(29) од село Канатларци.

-Возачот со повреденото дете се упатил кон Битола, но по пат се пресретнал со екипа на Итната медицинска помош којашто го пренела детето во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Увид на  местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Битола.

Се работи на целосно расчистување на случајот.