вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 56
home Хроника

Дете удрено од мопед, со полесни повреди пренесено во болница

Дете удрено од мопед, со полесни повреди пренесено во болница

Деветгодишник бил повреден од мопед вчера попладне во Кавадарци, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Несреќата се случила на улицата „Вишешница“.

– Мопед марка „јуинг  50“ со кавадаречки регистарски таблици управуван од С.А.(55) од Кавадарци удрил во пешакот, кој се здобил со телесни повреди и е пренесен во ЈЗУ Општа Болница – Кавадарци, каде му е укажана медицинска помош, појасни Додевски.

Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци.

Коронавирус