четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Хроника

Дете удрено од автомобил, со тешки повреди пренесено во Клинички

Дете удрено од автомобил, со тешки повреди пренесено во Клинички

Сообраќајна несреќа во која дете се здобило со тешки повреди се случила вчера околу 14.37 часот  на ул.„Крсте Асенов“ во Скопје.

Од МВР информираат дека автомобил „фолксваген џета“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Џ.(46) од Скопје, удрил во малолетен пешак од Скопје.

-Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус