сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Дете тешко повредено во сообраќајна несреќа во Штип

Дете тешко повредено во сообраќајна несреќа во Штип

Тринаесет годишно момче од Штип кое управувало мопед „гарели гсп 50“ е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера на крстосница помеѓу ул.„Драги Крупишки“ и ул.„Кратовска“ во Штип.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале мопедот и „југо корал 55“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Ѓ.(24) од с.Долни Балван, општина Карбинци.

-Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош, информира МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

Коронавирус