вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 18
home Хроника

Дете тешко повредено во сообраќајка во Тетово

Дете тешко повредено во сообраќајка во Тетово

Вчера  во 22:40 часот било пријавено дека во Тетово на булеварот „Благоја Тоска“ патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.И.(29) од тетовското село Боговиње удрило во пешак на возраст од 13 години од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.