петок, 18. септември 2020. Вести денес: 163
home Хроника

Дете тешко повредено, удрено од автомобил на паркинг

Дете тешко повредено, удрено од автомобил на паркинг
илустрација

На паркинг простор на бул.„Октомвриска револуција“, патничко возило „шкода“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(34) од Куманово удрило во велосипед, управуван од 15-годишник од Куманово и во патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(30) од Куманово.

Несреќата информираат од МВР се случила вчера во 17:25 часот.

-Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Куманово, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Коронавирус