недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 92
home Хроника

Дете прегазено во тетовско, со повреди пренесено во болница

Дете прегазено во тетовско, со повреди пренесено во болница

На локалниот пат што ги поврзува тетовските села Отушиште и Теарце, вчера (11 мај) околу 17 часот, патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 26-годишниот Н.И. од Теарце, удрило во малолетен пешак од истото село, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Повредениот пешак пренесен е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

На местото на незгодата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

ЕУРО 2020

Македонија