четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 73
home Хроника

Дете прегазено во Куманово, хоспитализирано со тешки повреди

Дете прегазено во Куманово, хоспитализирано со тешки повреди

Десет годишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера на ул.„Доне Божинов“ во Куманово.

Имено, „фолксваген шаран“, со австриски национални ознаки, управуван од Ѓ.А.(47) од Куманово удрил во 10-годишен пешак од Куманово.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа СВР Куманово.

Коронавирус