среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 64
home Хроника

Дете прегазено во Центар, хоспитализирано со тешки повреди

Дете прегазено во Центар, хоспитализирано со тешки повреди

Четиригодишно дете-пешак од Словенија вчера попладне било удрено од автомобил „Фолксваген голф“ на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје.

Возилото било управувано од скопјанецот А.Џ. (42).

-Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус