сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 60
home Хроника

Дете повредено во автобус: Возач од ЈСП ја затворил вратата и му ја приклештил раката- со тешки повреди завршил во Градска

Дете повредено во автобус: Возач од ЈСП ја затворил вратата и му ја приклештил раката- со тешки повреди завршил во Градска

Четиригодишно дете од Скопје вчера ја повредило раката при затворање на предната врата на автобус на ЈСП. Детето било пренесено во Градската болница при што му били констатирани тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, на улицата „Алија Авдовиќ“ во Сингелиќ, вчера околу 20 часот во автобус на ЈСП бр. 65 А со скопски регистерски таблици управуван од А.Д.(41) од Скопје при затворање на предната врата на четиригодишно дете-патник од Скопје му била приклештена десната рака со вратата.

Детето со возило веднаш било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди на десната рака, а по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување. Се работи на целосно расчистување на настанот.

Коронавирус