сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 57
home Хроника

Дете паднало од автобус, со тешки повреди пренесено во болница

Дете паднало од автобус, со тешки повреди пренесено во болница

Дванаесет годишно момче од село Амзабегово се здобило со тешки повреди откако паднало од автобус.

Несреќата се случила вчера утринава во светиниколското село Амзабегово, при влез во автобус „Ивеко“, управуван од Ш.Ѓ.(62) од Свети Николе

-Автобусот бил застанат за прием на патници-ученици од основно училиште и во моментот кога тргнал задната врата била се уште отворена и момчето паднало и се здобило со тешки телесни повреди, информираат од МВР.

По укажана лекарска помош во приватна здравствена установа во Свети Николе, детето било префрлено во болницата во Велес.

Извршен е увид на местото на настанот.