петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 45
home Хроника

Дете падна од трактор, со тешки повреди пренесено во болница

Дете падна од трактор, со тешки повреди пренесено во болница

Малолетник се здобил со тешки повреди откако вчера попладне паднал од трактор во движење.

Од полицијата информираат дека околу 17,30 часот било пријавено дека во Битола на улицата „Мукос“ додека М.А. (57) од Битола, управувал трактор со приколка во која се превезувал и 10 годишен малолетник, детето паднало и се здобило со тешки телесни повреди.

Повреденото дете било пренесено во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Коронавирус