четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 20
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Дете од Скопје итно пренесено во болница откако се обидело да вклучи канделабра

Дете од Скопје итно пренесено во болница откако се обидело да вклучи канделабра

Од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, вчера попладне било пријавено дека кај нив било донесено повредено 12-годишно дете од село Љуботен, скопско.

-Според пријавата, детето се здобило со повреди од струен удар околу 16.20 часот во селото во моментот кога се обидувало да вклучи канделабра за улично осветлување, монтирана на дрвена бандера, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.