Три лица меѓу кои малолетник се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на автопатот Скопје-Куманово, после наплатната станица „Миладиновци“.
Во несреќата, информира МВР, учествувале „фиат стило“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од Куманово и „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(19) од с.Слупчане, општина Липково.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Општа болница Куманово, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.