четврток, 6. август 2020. Вести денес: 76
home Хроника

Дете (12) возело мотор на регионален пат: Со тешки повреди во болница завршија три лица

Дете (12) возело мотор на регионален пат: Со тешки повреди во болница завршија три лица
илустрација

На 01.08.2020 во 18.10 часот на регионален пат Радовиш-Конче на место викано „Семеница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 12 годишен малолетник од с.Конче, радовишко и моторцикл„ктм-520“ без регистарски ознаки управуван од Б.И.(19) од с.Конче, информираат од МВР.

По незгодата со возило на итна медицинска помош возачите и сопатникот на првиот моторцикл- 15 годишен малолетник од с.Конче биле пренесени во Клинички центар Штип каде од доктор на возачите им биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

Коронавирус