понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за верижната сообраќајка кај Струмица: Повредени 3 лица

Детали за верижната сообраќајка кај Струмица: Повредени 3 лица

На магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај „Робовска крстосница“, вчера во 07.40 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота авенсис“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(27) од с.Турново, струмичко, патничко возило „шевролет матиз“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(64) од с.Босилово, струмичко, и патничко возило „рено твинго“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.А.(61) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.А. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, додека со телесни повреди се здобиле Ѓ.С. и К.Ѓ..

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица, а за време на увидот од 08.00 до 12.00 часот собраќајот бил во прекин во двата правца.

Коронавирус