петок, 14. мај 2021. Вести денес: 44
home Хроника

Детали за вчерашната тепачка со секири во Струмица- неколку лица повредени

Детали за вчерашната тепачка со секири во Струмица- неколку лица повредени

Во текот на вчерашниот ден околу 15.00 часот во Струмица на улица “Славчо Стојменски” нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Н.А., З.А., Ф.А. Г.А. и Р.А. од едната страна и К.М., А.М. и С.М. од другата страна.

Најпрвин започнала вербална расправија меѓу лицата, по што истите си размениле неколку удари со боксови, столови и други предмети меѓу кои и секира. Лицата се раздвоени од полициски службеници.

Дел од учесниците се здобиле со телесни повреди, додека С.М. е пренесен во Јавна здравствена установа – Општа болница Струмица за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Коронавирус