среда, 23. септември 2020. Вести денес: 86
home Хроника

Детали за убиството во Тафталиџе: Познати идентитетите на убиецот, убиениот и ранетиот

Детали за убиството во Тафталиџе: Познати идентитетите на убиецот, убиениот и ранетиот

Според информациите на МВР, вчера во 19:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на ул.„Московска“ В.Ш.(55) од Скопје, по претходна вербална расправија, со пиштол испукал неколку куршуми кон С.Д.(55) од Скопје, кој бил негов зет за сестра.

Тој починал на местото на настанот, додека Ф.Д.(25) од Скопје негов внук од сестра бил погоден во десната нога, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Според пријавеното, причина биле нарушени семејни и имотно-правни односи.

В.Ш. бил лишен од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Коронавирус