четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 124
home Хроника

Детали за трагедијата во Битола- Маж ја застрелал сопругата, па се самоубил

Детали за трагедијата во Битола- Маж ја застрелал сопругата, па се самоубил

Маж и жена попладнево се пронајдени починати во стан во Битола. Како што соопштија од Јавното обвинителство, дежурен јавен обвинител извршил увид во стан на улица „Климент Охридски“ во Битола, каде се пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.

„Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место. По наредба на јавниот обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција“, соопшти обвинителството.

Според извори од полицијата, околу 14.15 часот во СВР-Битола било пријавено дека на ул. Климент Охридски С.Ѓ. по претходна меѓусебна расправија, извршил убиство на неговата сопруга М.Ѓ. пукајќи со пиштол ЦЗ 7,62, по што извршил самоубиство. Засега, се уште не е познат мотивот за тешкото убиство.