сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА КОЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Се судрија два мотоцикла на автопат, на лице место починаа двајцата возачи

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА КОЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Се судрија два мотоцикла на автопат, на лице место починаа двајцата возачи

На 24 април 2020 година околу 13:20 часот на автопатот Велес – Гевгелија на коловозната лента во правец од клучка „Смоквица“ кон клучка „Гевгелија“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „сузуки 600“ без регистарски ознаки управуван од А. Ѓ. (35) од с.Робово-Струмица и моторцикл „сузуки 600 ГН-Р“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.Ј. (22) од с.Добрејци-Струмица.

Притоа констатирано е дека А.Ѓ со неговиот моторцикл слетал надвор од коловозната лента на десната страна, а другиот моторцикл управуван од Ј.Ј. слетал на крајната лева сообраќајна лента. Од страна на доктор од Итна медицинска помош излезено е на местото и констатирана е смрт кај двајцата возачи.

Увид на местото извршиле дежурен Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телата на двајцата возачи се пренесени во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

ЕУРО 2020

Македонија