четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 133
home Хроника

Детали за трагедијата кај Катланово: Загина младо момче, две лица повредени

Детали за трагедијата кај Катланово: Загина младо момче, две лица повредени

Дваесет и пет годишниот скопјанец М.Т. го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 18,44 часот на автопатот Скопје – Велес, пред Катланово.

Од МВР информираат дека патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т. (21) од Скопје, изгубило котрола и излетало од патот.

-Сопатници во возилото биле М.Т. (25), Ф.Ј. (18) и К.К. (25), сите од Скопје. Притоа, со повреди се здобил М.Т., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, но по пат кон болницата им подлегнал на повредите. Од страна на дежурен лекар во 19.30 часот е констатирана смрт. Со тешки телесни повреди се здобил К.К., а со телесни повреди – Ф.Ј., соопштуваат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

Коронавирус