петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 133
home Хроника

Детали за тешката сообраќајка во кумановско, повредени четири лица

Детали за тешката сообраќајка во кумановско, повредени четири лица

На 19.07.2020 околу 15.00 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, кај с.Скачковце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет спарк“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.З.(21) од с.Скачковце, кумановско, и патничко возило „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(30) од Куманово, информираат од МВР.

По незгодата, возачите и сопатниците од автомобилот „БМВ“, Г.Ш.(31) и Н.Ш.(62), двајцата од Куманово биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Коронавирус