понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 25
home Хроника

Детали за тешката сообраќајка кај Собрание, повредени три лица

Детали за тешката сообраќајка кај Собрание, повредени три лица

Три лица од кои едно потешко, се повредени во сообраќајната несреќа која рано утринава се случила на раскрсницата кај Собрание.

-На 01.01.2020 во 05.00 часот било пријавено се случила сообраќајна незгода помеѓу „опел корса“, управувана од Е.И.(31) од Скопје и „пежо 508“, управувано од К.П.(24) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел корса“ Ѓ.И.(55) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката од истото возило Е.И.(23) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус