среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Хроника

Детали за тешката сообраќајка кај Плетвар

Детали за тешката сообраќајка кај Плетвар

Момче на возраст од околу 20 години е лицето кое попладнево го загуби животот во сообраќајната несреќа која се случи на патот Прилеп-Градско, кај Плетвар, дознава Курир.

Како што претходно објави Курир, во несреќата учествувале автомобил и мотор.

Мотоциклистот на лице место им подледнал на здобиените повреди. Според неофицијални информации во несреќата повредени се уште две лица, најверојатно од автомобилот и се пренесени во прилепската болница, но засега нема детали за карактерот на повредите и нивната здравствена состојба.

Повеќе информации очекуваме по завршувањето на полицискиот увид кој е во тек.