вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Хроника

Детали за тешката сообраќајка кај Охрид, мотоциклист го загуби животот

Детали за тешката сообраќајка кај Охрид, мотоциклист го загуби животот

Возач на мопед загина во сообраќајна несреќа која вчера околу 19:10 часот се случи на магистралниот пат село Подмоље-Кичево.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале „Цитроен ксара“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(21) од село Црвици, кичевско и мопед „АПН 4“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(40) село Мешеишта-општина Дебарца.

-Од здобиените повреди на местото починал возачот на мопедот Г.Б., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.