На 18.05.2019 година околу 10.40 часот на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „НовоСело“, помеѓу с.Дабиле и с.Босилово, патничко возило „Фиат Браво“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Г.(61) од с.Босилово, излетало од патот и удрило во дрво.
Од здобиените повреди, возачот И.Г. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица, информираат од МВР.