сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 80
home Хроника

Детали за сообраќајната несреќа на патот Штип- Велес

Детали за сообраќајната несреќа на патот Штип- Велес

Сообраќајна несреќа се случи на магистралниот пат Штип – Велес кај селото Кадрифаково во која учествувале возило и пешак.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, за МИА информира дека повредениот пешак во несреќата е хоспитализиран во штипската клиничка болница и лекарите го утврдуваат карактерот на повредите.

Несреќата се случила околу 20.30 часот. Ова се првични информации од терен, повеќе детали се очекуваат по увидот од страна на обвинител и екипа на полицијата.

АМСМ вечерва соопшти дека сообраќајот на магистралниот пат Штип – Велес кај Кадрифаково од 20.40 часот е во прекин во двата правца.

Коронавирус