сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 21
home Хроника

Детали за сообраќајката во охридско: Возач загина на лице место

Детали за сообраќајката во охридско: Возач загина на лице место

Вчера околу 15 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу с. Ботун и с. Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С. (55) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (27) од Охрид.

Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Охрид.