петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 66
home Хроника

Детали за сообраќајката во Маџари, повредено едно лице

Детали за сообраќајката во Маџари, повредено едно лице

Едно лице е полесно повредено откако автомобил излета од пат.

Од МВР за Курир информираат дека несреќата е пријавена околу 3:30 часот, а истата се случила на регионалниот пат Скопје-Велес, во близина на Трубарево.

Според полициските информации, 24 годишниот скопјанец Х.К. управувајќи автомобил „Алфа“ изгубил контрола над истиот и излетал од патот.

Во несреќата со полесни повреди се здобил сопатникот во возилото.

Полициски екипи на местото на сообраќајната несреќа извршиле увид.