сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 64
home Хроника

Детали за сообраќајката во која една жена е тешко повредена

Детали за сообраќајката во која една жена е тешко повредена

На 09.05.2019 година во 16:00 часот во Скопје, на булеварот „Партизански Одреди“ во близина на крстосницата со булеварот „8-ми Септември“ се случила сообраќајна незгода.

Во сообраќајката учествувале патничко моторно возило „Ландровер“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.Ч.(58) од Скопје, товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Н.(42) од с.Страчинци-скопско и автобус „Евобус“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.П.(47) од с.Сарај-скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила патничка во автобусот С.Ј.(67) од Скопје, на која и била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус