недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Хроника

Детали за сообраќајката во која е прегазено 4 годишно дете: Пронајден автомобилот, се трага по возачот

Детали за сообраќајката во која е прегазено 4 годишно дете: Пронајден автомобилот, се трага по возачот

Полицијата активно работи на расчистување на сообраќајната несреќа во која прегазено е четири годишно дете, а возачот избегал.

Според информациите од МВР несреќата се случила вчера во 17.35 часот на ул.,,Никола Тесла’’ во Струмица.

-Детето пешак се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на нeзгодата од увидна екипа од СВР Струмица, во присуство на Јавен обвинител, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници патничкото возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, е пронајдено, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Коронавирус