вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА ВО АВТОКОМАНДА: Три девојки на 27 години и возачот на 77 години со автомобил се забиле во камион

ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА ВО АВТОКОМАНДА: Три девојки на 27 години и возачот на 77 години со автомобил се забиле во камион

На 15.05.2021 во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Александар Македонски“, ул.„Интернационални бригади“ и ул.„16. Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес бенз“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(67) од с.Теранци, кочанско, и патничко возило „даихатсу сирион“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(77) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобиле сопатничките од патничкото возило, Ј.Д.(27) од Кавадарци и М.Д.(27) од Куманово.

Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, се здобиле возачот Т.Д. и сопатничката од патничкото возило С.Т.(27) од Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

ЕУРО 2020

Македонија