сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 76
home Хроника

Детали за сообраќајката на патот Куманово-Скопје: Жена со повреди пренесена во Ургентен

Детали за сообраќајката на патот Куманово-Скопје: Жена со повреди пренесена во Ургентен

Едно лице се здобило со повреди во сообраќајната несреќа која денес околу 14:50 часот се случила на автопатот Куманово-Скопје, во близина на Дељадровци, информираат од МВР за Курир.

Од полицијата посочуваат дека во несреќата учествувал автомобил „Пежо 206“ со скопски регистерски ознаки кој го управувал 32-годишната Ј.Л.С.

Според првичните информации, жената изгубила контрола над возилото, удрила во брегот, по што се превртела со возилото. Со повреди е пренесена во Ургентниот центар, додека сопатникот односно нејзиниот сопруг поминал без повреди.

Од МВР додаваат дека полицискиот увид се уште трае. На социјалните мрежи, каде беше објавена фотографија од несреќата, може да се прочитаат коментари дека куче кое се појавило на патот е причина за несреќата која се случила кога жената со возилото се обидела да го избегне истото.