сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 48
home Хроника

Детали за сообраќајката на Илинденска, прегазените пешаци тешко повредени

Детали за сообраќајката на Илинденска, прегазените пешаци тешко повредени
сител

Четворица пешаци и мотоциклист се повреди во сообраќајна несреќа која вчера се случи на булеварот „Илинден“ .

Од МВР информираат дека мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(38) од Скопје, удрил во пешаците К.Д.(76), В.Д.К.(46), С.Т.(45) и Л.К.(50), сите од Скопје.

-Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди. К.Д била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, В.Д.К. и С.Т. биле пренесени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“, Л.К. била пренесена во градската општа болница „8-ми Септември“, мотоциклистот бил пренесен во комплексот клинки „Мајка Тереза“, велат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.