вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 161
home Хроника

Детали за сообраќајката кај Скопјанка: Возило на МВР удрило во пешакот

Детали за сообраќајката кај Скопјанка: Возило на МВР удрило во пешакот

Возило во сопственост на Министерството за внатрешни работи учествувало во сообраќајната несреќа која денес околу 13:30 часот се случи спроти ТЦ Скопјанка, потврдуваат од МВР за Курир.

Како што претходно објави Курир, несреќата се случи на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“.

Прегазеното машко лице, со возило на Итна медицинска помош е пренесено во некоја од скопските болници, но засега нема информации за карактерот на повредите и неговата здравствена состојба.

Полицискиот увид е во тек.

 

Коронавирус