понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за сообраќајката кај Момин поток: Две лица повредени, едно потешко

Детали за сообраќајката кај Момин поток: Две лица повредени, едно потешко
Ѕид на сообраќајниот срам

Две лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајната несреќа која вчера во 12,45 часот се случила на крстосницата од булеварот „Никола Карев“, улицата „Јадранска Магистрала“ и булеварот „8-ми Септември“.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале три возила, „Шевролет спарк“  управуван од Л.Г.(60) од Скопје, „Сеад алтеа“ управуван од О.Т.(30) од Скопје и  „Фолксваген пасат“ управуван од Ф.М.(58) од Скопје, сите со скопски регистерски ознаки.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Л.Г., констатирани од страна на лекар од Градската општа болница „8-ми Септември“, а со телесни повреди се здобил О.Т., констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус