сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 17
home Хроника

Детали за сообраќајката кај АМСМ

Детали за сообраќајката кај АМСМ

Едно лице е полесно повредено во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, пред АМСМ, потврдуваат од МВР за Курир.

Според информациите од полицијата во несреќата учествувале две возила, „Мерцедес“ со скопски и „Пежо“ со кичевски регистерски ознаки. Идентитетот на возачите и на повреденото лице не се познати.

Од МВР додаваат дека полицискиот увид е во тек, а по негово завршување ќе бидат познати сите информации.

Коронавирус