среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Хроника

Детали за разбојништвото во Визбегово: Како вооружените лица го спроведоа филмскиот грабеж?

Детали за разбојништвото во Визбегово: Како вооружените лица го спроведоа филмскиот грабеж?

Четири непознати сторители вооружени со автоматски пушки извршиле разбојништво во банката во Визбегово.

Како што КУРИР неофицијално дознава, лицата со фантомки на главата на местото пристигнале со возило „Пежо“ со скопски регистарски таблици. Влегле во дворот на банката, а потоа и во самата банка. Оружјето го впериле кон вработените на кои им се заканиле дека ќе ги убијат доколку не им ги дадат парите.

-Вработените исплашени за сопствениот живот, почнале да им даваат пари на разбојниците кои за време на заканите зборувале на албански јазик. Кога ги земале парите, маскираните разбојници се качиле во возилото со кое дојдоа на лице место, но во дворот на банката удриле во паркирано „Бе-ем-ве“ со скопски регистарски таблички, при што истото го оштетиле, неофицијално дознава КУРИР.

По грабежот, вооружаните разбојници го напуштиле местото и се упатиле кон граничниот премин Блаце.