четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 129
home Хроника

Детали за пожарот во Кисела Вода: Повредени се две лица

Детали за пожарот во Кисела Вода: Повредени се две лица

Станот во кој предмалку избувна пожар бил празен.

На улицата „Народни херои“ зграда 23, пожарникарите водеа битка со огнените јазли.

Иако пожарот избувнал од стан во првиот влез на зградата, густ чад и миризба се чувствуваат и во другите два влеза, вториот и третиот.

Како што неофицијално дознава КУРИР, повредени се две лица – пожарникар и една станарка.

Иако пожарот е веќе изгаснат, голем густ чад уште ги држи на штрек граѓаните и пожарникарите.

Улиците кои водат до овој дел на Скопје се  блокирани. Полицијата не пропушта возила кај „Мечкаров“,  кај Тутунски комбинат и кај општинската зграда.

Коронавирус