среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за пожарот во Дебар Маало: Еден изгорен, 8 стана оштетени

Детали за пожарот во Дебар Маало: Еден изгорен, 8 стана оштетени

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 12.15 часот во Единицата за информации и команда Скопје, вработен во Бригадата за противпожарна заштита пријавил дека спроти Министерството за одбрана на ул.„Дане Крапчев“ бил опожарен стан сопственост на Б.З.О..

Пожарот најверојатно бил предизвикан од дефект од неисправен бојлер.

-Од екипа на Бригадатаза противпожарна заштита Скопје пожарот бил ставен под контрола. Повредени лица нема, а од пожарот станот бил целосно опожарен. Исто така, два стана на истиот кат биле исчадени, а шест стана биле оштетени од водата при гаснење на пожарот, информираат од МВР.