среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 18
home Хроника

Детали за интервенцијата на полицијата на Вардар: Извлечен труп на старица

Детали за интервенцијата на полицијата на Вардар: Извлечен труп на старица

Женско безживотно тело утрово е извлечено од водите на реката Вардар во близина на МАНУ во Скопје.

Според мкд.мк, неофицијално, првични информации се дека се работи за повозрасна жена. Според првичните изјави на очевидци, жената откако се симнала по скаличките, се наведнала над водата, во еден момент се лизнала и паднала. Луѓето кои биле во близина, за жал не успеале да и помогнат и да ја спасат.

Станува збор за жена на возраст од околу 70 години, која паднала во Вардар и се удавила

На лице место била повикана полиција и екипи на Итната медицинска помош , но лекарите само констатирале смрт.

Увидот е во тек, а се работи на утврдување на идентитетот на починатата жена.

Коронавирус