вторник, 4. октомври 2022. Вести денес: 54
home Хроника

Детали за хоророт во Кочани: Мажот се самоубил пред полицајците, ќерката пренесена во болница во неконтактибилна состојба

Детали за хоророт во Кочани: Мажот се самоубил пред полицајците, ќерката пренесена во болница во неконтактибилна состојба

Во Полициската станица Кочани утринава во 3:10 часот се јавилa женa и пријавилa дека во куќа на ул. „9-ти Мај“ во Кочани таткото ги тепал сопругата и ќерката.

-Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што на покривот од куќата го затекнале Б.А.(54) од Кочани. Непосредно по доаѓањето на полициските службеници, Б.А. скокнал од покривот и починал. Во куќата во неконтактибилна состојба биле затекнати Л.А. (44), сопруга на Б.А., и неговата ќерка И.T.(22), стои во известувањето од полицијата.

Од МВР информираат дека тие биле пренесени во Општата болница Кочани, каде Л.А. починала, а И.T. се уште се наоѓа во неконтактибилна состојба.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Коронавирус