сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 63
home Хроника

Детали за големиот пожар во Трубарево

Детали за големиот пожар во Трубарево

Покрив и еден кат од куќа изгореа во пожар во скопското село Трубарево. Како што информира полицијата, пожарот избувнал вчера во 12,20 часот во куќа сопственост на Р.Ј.(53).

Во 13,50 часот пожарот е локализиран. Повредени лица нема. Од пожарот опожарена е целосно покривната конструкција и вториот кат од куќата.

Од Противпожарната единица на Град Скопје информираат дека од 12 до 15,20 часот интервенирале на запалена куќа на улицата Панче Пешев. Опожарени биле 100 квадратни метри. Интервенирало било со 5 возила и 10 пожарникари.

Коронавирус