вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Хроника

Детали за драмата: Американски државјанин нападнал тројца македонски полицајци

Детали за драмата: Американски државјанин нападнал тројца македонски полицајци

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишен државјанин на САД за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Утринава странскиот државјанин бил приведен во Полициската станица Кисела Вода поради претходно сторен прекршок против јавниот ред и мир. Додека влегувал во ходникот на станицата, започнал агресивно да се однесува и да удира со раце и нозе по инвентарот. Кога еден од полициските службеници го предупредил да престане со насилното однесување, осомничениот се свртел кон него и му задал повеќе удари со бокс по лицето, нанесувајќи му телесни повреди. Во тој момент уште двајца полицајци се обиделе да го совладаат, но осомничениот и нив започнал да ги удира со боксови, нанесувајќи им телесни повреди. По извесно време, полициските службеници успеале да го совладаат осомничениот.

Бидејќи во конкретниот случај не постои друга можност за обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. ​​

Коронавирус