Вчера околу 21.50 часот во Скопје на улицата „Михаил Глинка“ во населбата Лисиче избувнал пожар во двоспратна куќа сопственост на Б.Џ.(59).
Куќата била целосно опжарена, а пожарот се проширил и на соседна куќа, сопственост на С.А.(46), при што целосно бил опожарен кровот и дел од инвентарот на приземјето.
Пожарот е целосно изгаснат во 00.10 часот од Бригада за противпожарна заштита.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот, информираат од МВР.
loading...