среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 100
home Хроника

Детали од МВР за случајот со обидот за грабнување на 7-годишната ќерка на пратеник

Детали од МВР за случајот со обидот за грабнување на 7-годишната ќерка на пратеник

Настан според кој непознати лица се обиделе да ја грабнат 7 годишната ќерка на пратеник на СДСМ, објави утринава Сител телевизија.

Курир побара дополнителни информации и детали за целиот случај од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека се работи за лица кои вознемирувале граѓани, а не за обид за грабнување.

-По претходно добиена пријава за случајот за кој прашувате превземени се мерки и случајот е расчистен односно приведени се две лица. Констатирано е дека M.Ѓ.(18) и и И.Ј.(18) со патничко возило „БМВ“, управувано од М. Ѓ., се движеле низ улиците по градот и вознемирувале граѓани. Лицата се приведени во Полициска станица Кочани, а за случајот е известен Јавен обвинител, се вели во одговорот од МВР.

Од Министерството додаваат дека по комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.