петок, 19. април 2019. Вести денес: 155
home Хроника

Детали од МВР за мажот кој почина на булевар во Скопје

Детали од МВР за мажот кој почина на булевар во Скопје

Во СВР Скопје, од Итна медицинска помош вчера во 15.00 часот било пријавено дека на булеварот „Кочо Рацин“ бил пронајден починат Т.К.(60) од Битола.

Според пријавеното, тој починал додека се движел пеш, му се слошило и паднал.

Била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.