понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 35
home Хроника

ДЕТАЛИ ОД МВР: Прободеното момче во Ново Лисиче починало во болница, убиецот приведен

ДЕТАЛИ ОД МВР: Прободеното момче во Ново Лисиче починало во болница, убиецот приведен

На 14.08.2019 во 00,35 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Февруарски поход“ започнале расправија од страна на неколку лица со А.Т. (18) кој бил во друштво со К.Д. (17), која продолжила и со физичка пресметка. Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х. (17).

Н.Х. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал, а А.Т. е пронајден и приведен во полициска станица, информираат од МВР за КУРИР.

Се работи на расчистување на случајот.