сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 54
home Хроника

Детали кои ќе ве потресат: Чичкото монструм од Скопје ќе одговара за малтретирање на деца

Детали кои ќе ве потресат: Чичкото монструм од Скопје ќе одговара за малтретирање на деца

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 46–годишен скопјанец кој со умисла сторил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно извршување на кривичното дело– Запуштање и малтретирање на дете  од член 201 став 1 во врска со член 45 од од Кривичниот законик.

Обвинетиот – чичко на оштетените две деца, на 28 јуни 2020 година прифатил доверена обврска од мајката на децата, да ги надгледува додека таа била отсутна. Но, тој грубо ја запоставил својата должност за грижа и воспитување, па започнал да ги малтретира доверените деца. Истиот ден, околу 12.30 часот, тој на дрво во близина го врзал 12-годишното момче за стапалото со внатрешна гума  од мопед. Врзаното дете – лице со посебни потреби и неразвиена моторика, не можело да се ослободи, па кон него се приближила неговата 5-годишна сестра во обид да му даде шише со течност за да се напие. Во тој момент, обвинетиот го нападнал и девојчето, најпрвин вербално, а потоа и физички – удирајќи ја по лицето и нозете.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, имајќи предвид дека постои опасност од негово криење и бегство, а како близок роднина кој има постојани контакти со оштетените, постои  и реална опасност да го повтори кривичното дело доколку се брани од слобода.

 

Коронавирус